„Монструм“ останува нерешена мистерија убијците се на слобода
Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава. Имаше неколку одложувања и на страна се ставаше случајот кој македонската јавност го нарече најгрозоморен чин во поновата македонска историја.
Познавачите на состојбите одложувањето го доведуваат во корелација со политичките аспирации на оние кои од грозоморно убиство направија цела кампања.
Повторна пресуда во Монструм, каде сите докази досега водат кон првично осудените и наведуваат дека тие се извршителите на злосторот на Смилковското езеро, не им одговара на оние кои направија ужасна злоупотреба.
Предметот „Монструм“ се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското Езеро во 2012 година. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Од тогаш, осудените за Монструм се на слобода. Семејствата на убиените се во црнина повеќе од осум години. Судбината ги скрши, а дополнително станаа предмет за манипулација на политичар кој не бираше средства за да дојде на власт.
„Монструм“ останува нерешена мистерија. Убијците се на слобода.
Додека се чека правдата, осудените си прават “селфи“ со политичарот на кој му се заблагодаруваа дека ги ослободи