Мисајловски: Купувањето пратеници стана заштитен знак на СДСМ, за што говори и минатото искуство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на својата фејсбук страница сподели статус во кој напиша дека купувањето пратеници стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство.

„Техничкиот премиер вели купувањето пратеници било небулоза на опозицијата.
Тоа што работата не им е завршена, не значи дека “понуди” до пратеници нема. А впрочем купувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство.

Од Власт која организираше поткуп и фалсификат избори какви што поминавме, не може да се очекува чесност и принципи.

Што се однесува до формирањето на нова влада и неговото тврдење дека залудно се чекале нови избори, добро е доколку еве толку е уверен дека СДСМ ќе ја формира владата да видиме кој е составот на таа влада, чиво ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат “подмачкано” или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели “гладна кокошка просо сонува”, тоа допрва ќе видиме.“

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/2342138896093133