Доктор Лазов – Неспособноста на Филипче и Спасовски се плаќа со животите и здравјето на граѓаните
Во Македонија се постигна нов рекорд на на новозаболени лица од КОВИД-19 во едно деноноќие. И повторно има починати и тоа 8 лица. Филипче наместо политичка кампања работа му е да спасува животи. Имаме нов пораз и огромен број на новозаразени, реагира д-р Кирил Лазов.
-Мислите на Филипче и Спасовски им се во политика и тендери, а не заштита на здравјето и животите на граѓаните. Вкупната бројка на заболени е поголема од 9 илјади лица, а бројката починати се ближи кон 500 лица. Македонија повторно се врати на врвот на листите, но на врвот на листите каде има најмногу заразени на милион жители, најмногу починати на милион жители. На црната статистика не потсетија вчера и регионалните медиуми. И што јавија? Најмногу заразени лица на милион жители има Македонија или повеќе од 4 илјади лица. На второ место е Косово со 3.010 заразени на милиони жители, а Србија со 2.776. Словенија со 903 на милион жители и Хрватска 963 со најмалку заразени во однос на бројот на жители, истакна тој.
Доктор Лазов порачува дека Македонија води во уште една црна статистика, а таа е за бројот на починати на милиони жители.
-Досега во земјава починале 189 луѓе на милион жители. Хрватска има најмал број на смртни случаи на милиони жители, 29. Ако вака се движат бројките среде јули, што да очекуваме есента. Има ли одговори од Филипче и Спасовски како и што понатаму, освен флоскулите „се е под контрола“, „се подготвуваме“…? Неспособноста на Филипче и Спасовски за справување со корона кризата излезе на виделина како никогаш до сега. Заборавија на здравјето на граѓаните, порача тој.