ДАЛИ ЖЕНИТЕ ИМААТ СЛАБОСТ КОН “МААНИТЕ” НА МАЖИТЕ И ГИ ОБОЖАВААТ НИВНИТЕ НЕСОВРШЕНОСТИ?!

Секоја жена има различен вкус и желби кога станува збор за вкус на маж. Машкиот шарм доаѓа во разни облици, а привлечноста кај жените често е поттикната токму од „мааните“ на машкото тело од коишто тие најчесто се срамат. Токму тие ситници и несовршености стануваат неодоливи за голем број жени, поради што и тие чувствуваат поголема привлечност. Има групација на жени кои ги привлекуваат помлади мажи од нив, ги привлекува нивната младост, наивност, смислата за хумор и слично. Но има група на жени која обожава постари мажи, и таа група е поголема, според анкети. Жените сакаат внимание, искуство, отменост…но највеќе од се ги сакаат мааните кај мажите. Дали тоа е така прочитајте ги следните 3 најчести примери за несовршености на машкото тело што жените едноставно ги обожаваат.

1. Стомак

Дури 2/3 од испитаните жени во една онлајн анкета потврдиле дека малото стомаче кај мажите е посекси одошто претходно се мислело. Имено, жените изјавиле дека попрво би сакале да видат природно стомаче кај „нормален“ маж одошто камени мускули кај маж опседнат со огледало, тегови и протеини. Изгледа умереноста секогаш е приоритет.

2. Брада

Младата брада од само неколку денови е вистинска мамка за припадничките на женскиот пол. Не станува збор за брадата што е одржувана во одредена должина, туку за онаа што израснала затоа што мажите едноставно немале време да се избричат 2-3 дена.

3. Знаци на стареење

Анкетата исто така потврдила дека за жените седата коса кај мажите е многу секси. Иако денес сè повеќе и повеќе мажи одбираат да ги кријат знаците на стареење, за да го задржат својот младешки изглед, за жените изгледа тоа воопшто не е проблем кога станува збор за привлечноста.

Постави одговор

Your email address will not be published.