Граѓаните од земјите од регионот за влез во земјава ќе мора да достават ПСР тест не постар од 72 часа
Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, информира Министерството за здравство.
Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји, соопшти Министерството за здравство.