ВКУСЕН КОЛАЧ ПОДГОТВЕН ЗА 10 МИНУТИ КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ
Ако во последен момент ви се најавиле гости, а сакате да ги изненадите со нешто вкусно и благо, а да не поминете многу време во кујната, овој десерт е одлична идеја. Толку е лесен за подготовка, а воедно и вкусен, па може да го направат дури и оние што не се љубители на готвењето. Пробајте го овој рецепт за брз и вкусен колач кој не се пече и изненадете се од самите себеси.
Потребни состојки за колачот:
- ½ л млеко
- 1 кесичка за инстант пудинг со ванила
- 3 лажици шеќер
- 300 г меки бисквити со желе полнење
- 300 г бисквити со путер
Состојки за глазурата:
- 100 грама чоколадо
- 50 грама путер
- 3 лажици вода
- 3 лажици шеќер
Во голема плитка чинија наредете ги бисквитите за да го покриете дното.
Над бисквитите истурете го врелиот веќе подготвен пудинг (според упатството).
Важно е пудингот да е врел за да ја омекне подлогата. Ако сакате колачот да биде покремаст, дуплирајте ја количината на млеко, шеќер и инстант пудинг.
Наредете ги меките желе бисквити со опачината нагоре, прекривајќи ја целата површина со пудингот од ванила.
Чоколадото, шеќерот и водата растопете ги на пареа додека не добиете густ прелив. Тргнете го преливот од оган, ставете го путерот, измешајте и прелијте го целиот колач. Послужете го колачот кога добро ќе се излади.
Може да ги наредите бисквитите во калап за торта и да го повторите истиот процес за да ги изненадите гостите со вкусна торта која можете да ја декорирате по ваш вкус и креативност.