Александар Бичиклиски – Крај на “СТАКЛЕНИТЕ ЅВОНА” во ВМРО-ДПМНЕ

Крај на “СТАКЛЕНИТЕ ЅВОНА” во ВМРО-ДПМНЕ

Согласно Статутот на Австриската народна партија , Статутот на Христијанско-демократската унија на Германија , во новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ изрично се дефинира причина поради кои што може да изрече дисциплинска санкција предвидена согласно статутот, како и право на жалба до партискиот СУД НА ЧЕСТА со што се овозможува двостепеност на оваа постапка а вака предвидената постапка пак го истакнува начелото на владеење на правото во рамки на внатрепартиското дејствување.

” Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ , еве 31 лето во континуитет , го живеам како активен член на партијата учествувајќи во сите изборни и партиски процеси во овој период.Како еден од основачите на УМС,делегат на сите конгреси до сега,Претседател на ОК Чаир, Шеф на изборен штаб во изборни единици ,Портпарол , Советник и итн. Од лепач на плакати до говорник на најголемите митинзи , изразувам огромно задоволство со имплементирањето на погоре напишаниот член во статутот на ВМРО-ДПМНЕ .Задоволството е уште поголемо што оваа битка со уште неколку ветерани ја водиме добри 20 години внатре во партијата.Овој член ја отвора можност конечно , сите ама буквално сите членови своите права и својот глас да го остварат преку ова тело и истите да стигнат до највисоките органи и тела на ВМРО.

Праксата до сега не овозможуваше , гласот на обичниот член да стигне до врвот или до претседателот од разно разни луѓе на кои партијата им беше попатна станица за персонално богатење и остварување на лични цели.Токму тие луѓе ги правеа СТАКЛЕНИТЕ ЅВОНА ,правејќи ѕид околу претседателите сервисирајќи невистини и лажна слика за реалноста , недозволувајќи гласот на обичниот член да стигне до врвот.Таа состојба во минатото ни донесе многу разочарувања ,лажни обвинувања и осипување на членството ……

ВМРО-ДПМНЕ во моментов со ова и другите статутарни измени се демократизира согласно делувањето на нашите сестрински десничарски партии од ЕПП и длабоко во душата искрено се радувам.

Борбата за каузата е вечна и продолжува….

Да живее ВМРО-ДПМНЕ

Да живее МАКЕДОНИЈА

  • Напиша Бичиклиски на својот фејсбук профил