Sunday, December 10, 2023
домаВЕСТИПет лица починаа, 164 новозаразени од коронавирус во Македонија

Пет лица починаа, 164 новозаразени од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.

Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени лица од вчерашните. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4141, активни 1837
• Куманово 894, активни 226
• Дебар 172, активни 110
• Штип 510, активни 213
• Прилеп 306, активни 57
• Тетово 906, активни 295
• Струга 348, активни 169
• Велес 205, активни 30
• Битола 85, активни 41
• Охрид 229, активни 114
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 272, активни 177
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 15, активни 11
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 80, активни 12
• Пробиштип 41, активни 26
• Демир Хисар 12, активни 11
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 5
• Свети Николе 179, активни 164
• Кичево 94, активни 79
• Ресен 140, активни 66
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1612 теста се преку: ИЈЗ-452, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-238, Биотек-143, МАНУ -155, Жан Митрев (Филип Втори) –243, Систина со PCR метода -169, Судска медицина -35, ЦЈЗ Битола-55, КИБФС (Инфективна клиника) -106. Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани