Нова аудио бомба: Средба со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците натендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот, објави Инфомакс.

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа воедно се фали и дека Трајче Заев, братучед на Вице Заев дава црвени картони кој да се занимава со бизнис, а кој не.

Тушникот: Добро бе брат слушај сега. Имам една стратегија, со Рашо бев во Струмица. И само мукажав, со Вицето (Заев) ќе се видам вторник или среда. Има тука многу 5 или 6души кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се закануват. Јас си направив моја екипа, затоа не сакам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене да не спојат неќам. Сфаќаш?

Стојче Чифлигароски: Така, така
Тушникот: Сега јас тие морам да ги средам, сфаќаш. На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу јапретера, многу.
Стојче Чифлигароски: Кој?
Тушникот: Чаки едно дете го викаме тука, од ВМРО е тој така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво.

Стојче Чифлигароски: Добро
Тушникот: И не само тој, има јас ќе ги средам сите.

Стојче Чифлигароски: така

Тушникот: Значи зелено светло ми е дадено. Рашо го знаеш ти, така?

Стојче Чифлигароски: Го знам како не.

Потоа може дасе дознае од аудиото дека Тушникот преку струмичката мрежа заработел 30-40илјади евра преку некој адвокат за вадење на човек од притвор за што добил златен часовник како награда, но и дека планира да земе автомобил без документи,но и дека Трајче Заев е тој кој дава дозвола кој да работи а кој не во Струмица.

Тушникот: Значи јас бев во Струмица,заработев некои 30-40 илјади евра. Правевме некои работи таму, со адвокатоттаму, еден Турчин го извадовме од притвор. Го имаа пикнато, тој не почасти еденсат убав 30 илјади евра е тој.

Стојче Чифлигароски: Добро
Тушникот: И вложуваше. Направија една фабрика за канабис и за она за плантажи. Цело време заедно и на крајот,реално ќе ти кажам тебе, на крајот се потскараа со Трајче (Заев).

Стојче Чифлигароски: Добро

Тушникот: Трајче (Заев) му даде црвен картон и тој не може таму да работи со тоа. Е сега во оваа работа целајас испаднав заебан, сега ќе ти кажам зошто. Јас си земав тие парите тука, набанка тука. Едно време и едно време се плати имаше давачки за клубот. 50 илјади евра месечно за клубот брат, за фудбалери и ми вели колку имаш да ми ги дадешбрат да дадеме плата да не се срамиме. Ние тогаш почнуваме сакам да ти дадам. А тогаш лиценцата ја чекавме се си беше ок. И Стојче ништо бе брат го заглавија. Не дека нема да ми ги врати ама ме блокира брат. Џабе отидов, џабе работев. Останав кога ќе видиш. Некој да работи да ти земи назад. А другар како брат заедно живеевме. На исто место спиевме. Како да не му ги дадеш така?

Стојче Чифлигароски: Така
Тушникот: Тоа помина замина. Работата што со тебе се гледам поддршка да ми дадеш ако можеш да ми ги дадешоние парите, да ми ги префрлиш побрзо, да можам да движам. Ме разбираш
Стојче Чифлигароски: А штонаправивте со овој завршивте работа

Тушникот: Завршено е, ама не знам брат не се префрлено

Стојче Чифлигароски: готово. Утре

Тушникот: Да не треба да се чека уште малку. Не сакам на Вице (Заев) да му барам ќе рече те пуштив кај Стојче, знаеш ќе ми е незгодно. Што ќе рече, овој бара. А друго е кога ќе дојдат изборите нека тепате тогаш друго ќе барам. Така не?

Стојче Чифлигароски: Фала Богубе

Извор:Курир