Македонскиот репрезентативец Енис Барди ова лето би можел да направи голем трансфер бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
После одличните партии во дресот на Леванте, Барди го привлече вниманието на многу клубиви ширум Европа. Изминатите денови многу се пишуваше за интересот на Арсенал, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија и турските гиганти.
Имено, Фенербахче и Галатасарај се силно заинтересирани за македонскиот репрезентативец.
Арсенал е спремен да плати 20 милиони евра за потписот на Барди, но цената може да се зголеми како што расте интересот.