1554 нови случаи на Ковид, 34 лица починале

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.153 тестови, а регистрирани се 1.554 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 825, Тетово – 82, Куманово – 70, Кавадарци – 62, Битола – 59, Велес – 51, Прилеп – 49, Гостивар – 44, Струмица – 33, Охрид и Гевгелија – по 32, Неготино – 30, Кочани – 21, Штип и Кичево – по 20, Струга – 16, Свети Николе – 15, Ресен – 12, Берово и Валандово – по 10, Радовиш – 9, Крива Паланка и Делчево – по 8, Виница – 7, Кратово – 6, Богданци и Демир капија – по 5, Дебар – 4, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 12 починати лица од Скопје (62г, 71г, 73г,75г, 75г, 75г, 81г, 81г, 86г, 88г, 88г и 92г), и по две починати лица од Битола (54г и 80г), и Струга (76г и 84г), по едно лице од Струмица (66г), Штип (67г), Прилеп (73г), Охрид (81г), Свети Николе (84г) и Демир Капија (86г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Гевгелија (2), Гостивар (1), Богданци (1), Радовиш (1), Скопје (1), Македонска Каменица (1), Струга (1), Охрид (1), Свети Николе (1), Прилеп (1) и Кочани (1).
Починатите се на возраст од 59г до 80г. Од пријавените лица 7 лица се починати во болнички услови и 5 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 06.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=34), 18 лица се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.