Властите соопштија дека централните делови на Харков, вториот по големина град во Украина, продолжиле да бидат подложени на „масовно гранатирање и бомбардирање“ денес наутро, додека гаснењето на пожарот е „во тек“.
„Како резултат на удари на непријателски проектили. административните згради се урнаа со последователни пожари“, соопштија регионалните служби за итни случаи.
Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени, додека 10 се спасени од урнатините, соопшти итната служба.