Само 6 илјади евра поддршка за Макфест – Општина Штип ќе ги врати парите на државата
„Неполни 400.000 денари за „Макфест„ од Министерството за култура е понижувачки и деградирачки за манифестација со најголема традиција во државата. „Трошките„ што ги добивме од државниот буџет не ги сакаме и ќе им ги вратиме„- категоричен е штипскиот градоначалник. Ваквите бурни реакции следат откако министерството ја објави годишната програма на проекти кои ќе се финансираат со државни пари..
„Со овие срамни средства се понижуваат граѓаните на Штип, истите тие ќе ги вратиме и целосно ќе го исфинансираме од буџетот на Општина Штип. Фестивалот ќе чини 6милиони денари„-рече штипскиот градоначалник Јорданов.
Од министрството објаснуваат дека Општина Штип не мора да го склучи договорот, а буџетот е мал бидејќи годинава фестивалот ќе нема полн оркестарски капацитет. Проектот е бодуван во трета категорија.
Во општинскиот буџет се предвидени 4,5 милиони денари. Со ребаланс ќе се обезбедат пресостанатите. Ова нема да значи и кратење од парите наменети за инфраструктурни проекти, објаснува Јорданов. Според него денешното решение само ја потврдува тезата дека градот плаќа пенали поради тоа што во Штип ја изгубија власта.
„Штипјани се ограничени со државни средства и ресурси затоа што е прекинато финансирањето на изградбата на Клиничката болница во Штип. Универзитетот„Гоце Делчев„ исто така има намалено финансирање од државата. Во последно време гледаме дека проекти што се финансираат од централната власт, а се наменети за Штип се ограничуваат финансиските средста. Ова што го добивме од Министрството за култура е исто така потврда за ваквиот однос. Единствено нешто што добивме се две патарини„-изјави Јорданов
Фестивалот што важеше за единствен промотор на македонската музика надвор од државата неколку години наназад е на стаклени нозе. Во 2009 по смената на спонзорот, фестивалот го презеде општината, а дел од средствата во просек по два милиони денари се обезбедуваат преку Министерството за култура. Во јавноста не стивнуваат реакциите околу годинашната Национална пограма. Уметниците реагираат дека парите се делат селективно, а не според квалитет. Годинава нема пари ниту за фестивалот„Валандово“.