Украина е оставена сама, светските сили оддалеку ја следат ситуацијата, изјави претседателот на Украина Владимир Зеленски.
„Утрово сами си ја браниме државата, исто како вчера. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме и гледаме дека тоа не е доволно“, рече Зеленски во видео-обраќање.
Тој исто така рече дека порано или подоцна ќе мора да започне дијалог меѓу Русија и Украина за да се запрат воените операции.
„Порано или подоцна, Русија ќе мора да разговара со нас, да разговара како да ги прекине воените операции и да ја запре оваа инвазија. „Колку побрзо почнат разговорите, толку помали ќе бидат загубите“, истакна украинскиот лидер.
Зеленски рече дека на Украина и треба антивоена коалиција.
„Заедно треба да ја ставиме Русија на преговарачка маса. Потребна ни е антивоена коалиција“, напиша Зеленски на Твитер.
Тој исто така рече дека апелирал до земјите од „Деветте од Букурешт“ да и пружат помош на Украина во одбраната и да воведат санкции против Русија.
„Ние ја браниме нашата слобода и нашата земја. Но, ни треба ефикасна помош. За тоа разговарав со претседателот на Полска, Анджеј Дуда. Се обратив до „Деветте од Букурешт“ за одбранбената помош и санкциите“, напиша Зеленски.
„Деветката од Букурешт“ обединува девет земји од Централна и Источна Европа – Бугарија, Унгарија, Естонија, Литванија, Летонија, Полска, Романија, Словачка и Чешка.
Претходно, во специјално обраќање до граѓаните на Русија, претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.
Претходна сторија