Путин: Воената операција е присилна мерка, не ни оставија можност да постапиме поинаку

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со претставници на рускиот бизнис. Тој на средбата рече дека специјалната воена операција која е во тек е принудна мерка и дека на Русија не и се дава можност да дејствува поинаку.

„Почитувани колеги, пријатели, добар ден! „За жал, нашата средба се одвива, најблаго речено, во нестандардни услови, иако беше планирано порано“, им рекол Путин на претставниците на рускиот деловен свет.

Тој рече дека економските партнери на Русија не треба да ја исфрлат од меѓународниот финансиски систем, но дека ќе има ограничувања.

„Русија останува дел од светската економија и нема намера да му наштети на тој систем“, рече рускиот претседател.
Тој напомена дека Русија се подготвувала за сегашната ситуација и дека ги анализира ризиците.