Стоилковски упорен: Дали Бисера со нејзиното друштво заминала од кабарето непосредно пред да влетаат службите на Спасовски?
Бидејќи СДСМ и министерката за култура се обидуваат да сокријат, јас ќе бидам упорен со прашањата.
Дали Бисера Костадиновска- Стојчевска, позната по својот “Скафандер”, пред две ноќи била во еден од клубовите затворени во рацијата во Битола?
Дали фотографиите на нејзиниот Фејсбук се од прославата на роденденот пред два дена во Кабаре Голд Фелиција, инаку затворено од полиција и инспекција?(Фото: Фејсбук)
Дали Бисера со нејзиното друштво заминала од кабарето непосредно пред да влетаат службите на Спасовски?
Дали Бисера била во клубот кадешто според полицијата е најдена дрога?
И главното прашање, Дали Бисера Костадиновска- Стојчевска била известена од некого за рацијата за да го напушти клубот пред да дојдат полиција и инспекција?
Бисерчиња од прашања колку сакаш!
Одговори и одговорност нема!
#ЖивототЕКабаре