Европската унија се уште е премногу зависна од руското „сино гориво“, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Оваа криза со Украина покажува дека Европа сè уште е премногу зависна од рускиот гас“, рече таа во видео изјава.
Шефот на ЕК напомена дека ЕУ треба да ги диверзифицира снабдувачите со гас и активно да инвестира во обновливите извори на енергија.
„Ова е стратешка инвестиција во нашата енергетска независност“, заклучи Урсула фон дер Лајен.