Украинските сили го гранатираат селото Трудовски

Ситуацијата во Донбас не се смирува веќе трет ден. Гранатирањето на украинската армија предизвика големи штети на цивилната инфраструктура на Доњецката и Луганската народна република, поради што овие самопрогласени републики на 18 февруари најавија евакуација на населението во Русија и прогласија општа мобилизација.

Ситуацијата во Донбас се влошува, украинските сили денес истрелаа околу 700 гранати на територијата на самопрогласената ДНР, изјави претставникот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин.
„На територијата на републиката беа испукани повеќе од 450 гранати од 122 милиметри и мини од 120 и 82 милиметри“, изјави Басурин за телевизијата „Русија 1“.
„Во овој момент ситуацијата само се влошува во однос на минатиот ден“, рече Басурин.