Цветанова: Верувам дека и СДСМ како и јас се срамат кога го гледаат настапот на нивниот лидер

На СДСМ му посакувам што побрзо да се ослободи од примитивците во партијата бидејќи верувам дека и тие, како и јас, се срамат кога го гледаат настапот на нивниот лидер, напиша поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, по вчерашниот тв дуел помеѓу Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Посакувам интелектуалното крило да надвладее над примитивизмот во оваа партија. За општо добро…, вели Цветанова.