Горивата со нова цена: бензинот за денар, дизелот за денар и пол

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информираат дека е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24.1.2022 година.

Од 1.2.2022 година цената на нафтените деривати ќе изнесува:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,722 (денари/килограм)