Миле на шатки спроведен на судење
Пример за тоа колку судството наше е „пупка расцветано“ и праведно е денешното спроведување на штаки на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој и покрај постоењето и уредно, на време пријавената медицинска белешка дека не е во состојба да присуствува на рочишта се до 7ми февруари заради операција на ногата и потребата од домашно закрепнување, сепак со полиција и на штаки беше спроведен на денешното рочиште за случајот „Топлик“.
Во тој правец е и одлуката да се одбијат сите сведоци и докази на одбраната, со што тие се доведени во нерамноправна положба пред завршните зборови закажани за девети февруари.