Таткото на Ѓоковиќ повика на мирен протест

Таткото на најдобриот тенисер на светот, Срѓан Ѓоковиќ, ќе организира собир за поддршка пред Собранието на Република Србија за Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа во хотелски карантин во Мелбурн, откако 9 часа беше држен на аеродром, а потоа му беше кажано дека ќе мора да ја напушти земјата со образложение дека нема доволно докази за медицинската потврда за изземање од вакцинација против корона вирусот.

Тој на својот инстаграм профил напиша само кратка порака:

„Денес во 15 часот пред Собранието на Србија ќе се собереме за да оддадеме поддршка на нашиот Ноле“.

Линк до постот на инстаграм:

https://www.instagram.com/srdjandjokovic_/?utm_source=ig_embed&ig_rid=bb7507cd-d854-4d0f-ad7c-6c35cceac685