Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година
„Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година“, пишува на својот фејсбук профил Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
„Како ја завршивме економски 2021 година:
⁃ Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
⁃ Расходи во буџет околу 4,18 милијарди
€Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €. Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари“.
Линк до постот: