По сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Почитувани,

Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев.

Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството.

Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се  вратат пасошите.

Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет.

Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска.

Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?

Со почит, – се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ

Линк до соопштението:

https://www.vmro-dpmne.org.mk/index.php/vesti/soopstenija/9027-%D0%BF%D0%BE-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D1%82,-%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82