Крај на првото полугодие
Денес заѕвони последното ѕвонче во сите основни и средни училишта во Република Македонија за ова полугодие и со тоа се заокружи половина од учебната 2021 / 22 година.
Наставата оваа учебна година се одвиваше според ковид протоколите, каде на сите ученици при влез им беше мерена температура, а тие ги носеа задолжтелните маски и колку што е можно повеќе се избегнуваа групирања. Исто така во секоја училница, како и на повеќе места низ училиштата има поставено средства за дезинфекција.
И покрај овие мерки, сепак имаше заболени од ковид, но, министерството за образование инсистира на настава со физичко присуство.
За почетокот на следното полугодие не се очекува да се смени ставот на министерството за следење на наставата во училиштата, иако има големи реакции од родителите, посебно на оние чии деца се во подолните одделенија во основно образование, односно одделенска настава, каде децата од 6 – 7 – 8 годишна возраст треба да минуваат најмалку по 5 часа под маски.
Распустот на учениците започнува утре, на 31.12.2021 и завршува на 19.01.2022. Со настава во второто полугодие се започнува на 20.01.2022.