И Спасовски си поднесе оставка од потпретседателското место
После Горан Сугаревски, кој се повлече од партиските функции по поразот во Прилеп и Радмила Шеќеринска која се повлече од местото заменик-претседател на СДСМ, денес и Оливер Спасовски ја поднесе својата оставка од местото потпретседател на СДСМ. Дали ќе остане министер за внатрешни работи сеуште не е познато, но тргнувајќи од фактот дека сите луѓе од доверба на поранешниот премиер и претседател на СДСМ Заев се повлекоа, очигледно е дека Ковачевски ќе има многу повеќе работа при составувањето на претседателството на СДСМ, а и на новиот владин кабинет.
Останува да почекаме вечер да се одржи централен одбор на кој треба да биде избрано ново раководство на партијата.