На Шилегов му е загаден воздухот во Скопје?!?!?!
На својот фејсбук профил поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, се пожали на синоќешниот висок индекс на загаденост во град Скопје, притоа „заборавајќи“ дека до пред два месеци самиот тој беше градоначалник.
За да биде фарсата поголема, напишал уште и „go green…“…..
Ние нема да коментираме на „заборавеноста“ на екс градоначалникот, но ќе пренесеме дел од коментарите на граѓаните, кои не се баш пријатни:
„…Не натеравте да земеме пелети и инвертери, а сега вреќа пелети се 300 денари, а струјата и горивото го кренавте ненормално. Луѓето се враќаат на дрва, благодарение на вас, во среден век не вративте…..“
„… Беше на власт, се колнеше, што не го исчисти……“
„… Како додека беше градоначалник не примети….“