Еве како се градени модуларните болници
Пратеникот Антонио Милошоски на својот фејсбук профил објави документ за тоа што се барало во спецификациите за изградба на модуларните болници:
Милошоски нагласува дека „се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни.
Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларните.
Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за против-пожарна заштита, исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за вакви болници.
Овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија “Г” и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути“.
„Оттука, прашува Милошоски, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути“?
„Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки“, завршува Милошоски.