Кампањата од 300 илјади евра за вакцинација

Само уште еден доказ дека Филипче и Заев се махери да крадат

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Ненад Коциќ

СДСМ и неговите предводници како Зоран Заев и Венко Филипче како да живеат во друг свет.

Откако се појави корона пандемијата пред скоро две години тие не направија ништо ниту за пациентите, ниту за лекарите, нити за здравствениот систем воопшто.

Единствено нешто што направија е бројката на починати да се движи кон шест илјади.

Сега по повеќе од девет месеци откако е стартувана вакцинацијата, тие нудат кампањи демек да ги потттикнеле граѓаните да се вакцинираат.

Нека погледнат во соседството и одма ќе видат како се прави тоа.

Но, нив не ги интересира тоа, нив ги интересираат провизиите, парите кои ги ставаат во џеб.  

Оваа нивна кампања чини 300 илјади евра, демек кампања на Заев и Филипче против корона. Тие наместо лек против корона, на народот му нудат реклами.

Ова е само уште еден доказ дека Заев и Филипче се махери за провизии, собирање пари.