Временска прогноза
Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето денес се очекува да биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот, кога ќе има изолирана појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.
Се чини дека барем денес ќе здивнеме од топлотниот бран кој ја зафати Република Македонија.