Заради зголемување на сите референтни цени на светските берзи, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 %.
Од 4.8.2021 година од 00:01 часот цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 37,981 (денари/килограм)