Арнаудов: СДСМ ја клекна Македонија, но со ВМРО-ДПМНЕ пак ќе застане сигурно на свои нозе

Ламбе Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ каде што посочи дека власта единствено што направи е уништување на здравствениот систем, образовниот, економијата.
„Си почнаа со ред во здравство, образованието, труд и социјалата, Институтот за македонски јазик, МАНУ, се уништи оваа власт. И сега ние имаме едно општество кое тешко заболено метастазирано од сите страни, и единствено остана ВМРО-ДПМНЕ здраво ткиво, и сега сака власта најбргу да го реши и тоа здраво ткиво, да го уништи. Но за среќа тука има цврст отпор. Јас тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Христијан Мицкоски ќе биде тој што ќе ја излечи Македонија“, нагласи Арнаудов.
Арнаудов додаде дека сега Македонија е уништена од власта.
„Упорноста и истрајноста на ВМРО-ДПМНЕ е да биде секогаш со Македонија. Со помош на ВМРО-ДПМНЕ државата може пак да застане сигурно на свои нозе“, порача Арнаудов.
Арнаудов појасни дека државата моментално од страна на власта е понижена на секој можен начин. Оваа власт не се бори за доброто на граѓаните. Оваа власт единствено се бори за своите интереси.