Стојаноски: Во ек на криза, кога граѓани немаат за леб, неприфатливо е да се има пет потпретседатели во Собрание

Денес Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се обрати на собраниската седница, при што посочи дека сосема е непотребно да се има пет потпретседатели ви Собрание, кога таа работа може двајца потпретседатели да ја вршат сета работа.

„Колку и да се прави театар од нешто, дали треба или не, сепак на крајот економските индикатори кажуваат нешто сосема поинаку. Кажавте неколку обврски на потпретседателите за кои јас сметам дека апсолутно се непотребни 5 луѓе, дури можат двајца потпретседатели да се снајдат со сите тие работи“, истакна Стојаноски.

Стојаноски додаде дека бројката од пет потпретседатели е апсолутно е неодржлива.

„Сакам да апелирам до сите политички чинители, да покажеме малку поголемо ниво на свест, за неколку дена тука ќе треба да гласаме антикризни мерки, со кои ќе треба да им помогнеме на граѓаните на Република Македонија“, апелираше Стојаноски.

Стојаноски посочи дека граѓаните во Република Македонија не живее убаво. Поради тоа апелираше на свесност кај сите политички чинители дека пратениците не се тука да исполнуваат нечии апетити туку тука се за граѓаните.