Сметките за струја се повисоки, Бислимоски вели дека живееме како во Германија
Марко Бислимоски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика се дрзнува да ја споредува Македонија со Германија каде просечната плата е 3,800 евра или 238,464 денари, а во Македонија се движи околу 25 илјади денари.
„Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа“, ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски на телевизиско гостување пред два дена.
Дел од јавноста иако со потсмев го прифати ова споредување на Бислимоски главно поради фактот што тој не е дилер на автомобили, а цената на автомобилите е засебна област која зависи од опремата која се користи и колку чинат деловите за еден автомобил, многу ќе се сложат дека ваквото тврдење е смешно.
Понатаму, ако ја споредиме цената на струјата со просечната месечна плата, податоци кои беа достапни од Евростат, а ги анализираше Рефлектор, од графиконот може да се види дека Македонија е четврта земја во Европа каде граѓаните плаќаат 19.1% од просечната плата само за сметки за струја, што не лансира на врвот од Европа од земјите кои најмногу прават издатоци за сметки за електрична енергија од својот приход. Па по ова, Бислимовски не е во право кога вели дека Македонија има најефтина струја, затоа што граѓаните издвојуваат скоро 20 проценти од платата само за сметки за струја. Германците плаќаат 11,7% од просечната плата за еден мегаватчас електична енергија, кој во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.
Дополнително, споредбата со Германија е исто нелогична затоа што според Канцеларијата за федерална статистика на Германија последните податоци говорат дека годишната просечна плата на еден германец е 46,560 евра, а месечната просечна плата е 3,880 евра или 238,464 денари. Додека пак во Македонија според последните податоците на Државниот завод за статистика од јули месец, просечната плата е 442 евра или 27.231 денари.
Со дополнителното зголемување на цената на струјата од 7,4% сега граѓаните за сметка од 6,000 денари за електична енергија ќе плаќаат 400 денари повеќе или на годишно ниво уште една дополнителна 13-та сметка за струја.
На големо негодување од страна на граѓаните, реакциите кон изјавата и споредбата со Германија на Бислимоски, граѓаните беа немилосрдни во коментарите од емијата, во револт и големо незадоволство затоа што после дваесетина протести за цената на струјата само овој месец, одлуката на Регулаторна и Владата останува со последното поскапувањето од 7,4 %.