Николоски – Не можам да ја сфатам опседнатоста на Заеви со мене

Сведоци сме на еден апсурд. Најмоќниот човек во земјава ме тужи за клевета. Ова го нема никаде во ЕУ, изјави по денешното рочиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

– Јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Прво ме тужеше Вице, сега ме тужи Зоран Заев. Забележително е тоа што, како што на рочиштето не се појави тогаш Вице Заев, така денес не се појави и негивиот брат Зоран Заев, туку тој ангажирал адвокат од најскапата адвокатска канцеларија. Верувам во чесноста на судот и судството и мислам дека овој случај треба да биде старт на реформите во судството – изјави Николовски.

Тој е тужен од премиерот Зоран Заев за навреда и клевета. На денешното рочиште не дојде тужителот Зоран Заев. Тој беше претставуван од адвокат од адвокатската канцеларија Медарски.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/245777633500598/