Ако сте љубител на кофеинот тогаш веќе имаме рецепт за вас со кој ќе уживате во вкусот но и ќе и пркосите на жештината. Сладолед од кафе е вашиот рецепт во кој ќе се заљубите.
Потребни состојки:
- 300 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
- 150 грама индиски ореви
- 200 милилитри кокосово млеко
- 1 лажица какао во прав
- 1 лажица јаворов сируп
- 2 кафе лажички екстракт од ванила
- Прстофат сол
- Чоколадо за готвење
- 1 лажица кокосово масло
Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги индиските оревчиња во врела вода и оставете ги да отстојат на 3-4 часа, односно додека не омекнат. Пред употреба исцедете ја водата и измијте ги.
Во блендер ставете ги кафето, индиските ореви, кокосовото млеко, какаото, јаворовиот сируп, ванилата и солта. Мешајте додека не добиете мазна смеса, која потоа ќе ја сипете во калапи за сладолед. По саат време додајте го дрвеното стапче и ставете ги калапите во замрзнувач на 6-8 часа.
Пред послужување растопете го чоколадото за готвење со кокосово масло. Кога ќе го извадите сладоледот од калапите, потопете ги во стопеното чоколадо и посипете ги со парчиња чоколадо и кокос.