Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт
Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт.
Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.
Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година како член на ЧМС Букурешт. Во минатото играше за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.
За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари.