Неодговорност на владата, децата со посебни потреби без асистенти
И додека слушаме секој ден како кажуваат надлежните дека се залагаат за квалитено образование и како се грижат за лицата со посебни потреби, родителите на овие ученици сведочат дека нивните деца се заборавени од властите. Имено учениците со посебни потреби непосредно пред почетокот на школската година, немаат асистенти кои по закон треба да им ги обезбеди Министерството за образование. И додека родителите се жалат, од надлежното министерство за образование и наука, министерката Мила Царовска вели дека има простор да се ангажираат асистенти, но оти нема интерес. Асистентите со своја приказна велат се водат како хонорарци и работат цел месец за 7.500 денари.
Осумгодишиот Огнен од Ѓорче Петров од први октомври треба да почне да оди во прво одделение. Малиот Огнен е со аутизам и со оглед на тоа во текот на наставата има потреба од образован асистент. Но, иако Законот за основно образование му гарантира такво право, постои можност Огнен да има застој во наставата. Причината е недостиг на асистенти.
Неговата мајка која сама се грижи за него, за ТВ21 вели дека државата воопшто не се грижи за децата со посебни потреби.
-Можеби моето дете ќе добие асистент оваа година, ама можеби уште десет деца ќе останат без асистенти затоа што МОН нема програма за работа за аутистичните деца, ниту онлајн програма, ниту работа во училиштата. Немаат сите родители финансии да им обезебедат на децата личен асистент приватно. Јас како самохран родител, мајка на две деца од кои едното е со аутитстичен синдром, ме прашува ли мене некој дали можам да опстанам со неговите 7500 денари кои ми ги дава државата, вели мајката на малиот Огнен.
Во општина Ѓорче Петров, 20 родители доставиле барање за образовен асистент, но се пријавиле само 7 асистенти.
Дефектозолите се жалат и велат дека не прифаќаат работа се платени само 7500 денари. Дефектологот сокој разговаравме вели дека има работа цел месец, а ги ангажираат како хонорарци, а ко се разболат и не одат на работа им се одбива од средствата. Тие порачуваат министерката Мила Царовска да проба да живее еден месец со 7500 денари.
Инаку, министерката за образование, Мила Царовска, вели дека може да обезбеди 422 асистенти, колку и што се потребни, но нема заинтересираност.
Прашањето за образовните асистенти е регулирано со измените на Законот за основно образование кои стапија на сила во август 2019 и оттука ова прашање е од делокругот на работењето на минситерството за образование. Врз основа на Законот за основно образование, за поддршка на учењето за учениците со попреченост основното училиште обезбедува: образовен асистент, личен асистент, соодветна стручна поддршка од центар за поддршка на учењето, инклузивен тим и асистивна технологија по препорака на стручното тело за процена и во согласност со индивидуалниот образовен план или модифицираната програма.