Синот на Жан Митрев yaпcен во Германија бил дeл од теpоpиcтичка ќeлиjа на ИCИC

На 12.11.2019 година германската полиција разбила терористичка ќелија на ИСИС, а во акцијата уапсени се три лица – двајца Турци (21 и 22) и еден Македонец(24). Акцијата се случила во германскиот град Офенбах – пренесува „Дојче Веле“.

Германската полиција уапси тројца осомничени членови на ДАЕШ / ИСИС во вторникот под сомнение дека планирале терористички напад.
Надја Нисен, портпарол на државното обвинителство во Франкфурт, рече дека осомничените, кои беа уапсени во Офенбах, планирале напад во окружниот регион Рајна-Мајна со огнено оружје или експлозив.


Таа рече дека првоосомничениот, 24-годишен Германец со македонско потекло, веќе купил материјал за изградба на експлозивни направи.
Двајца други осомничени, на возраст од 22 и 21 година, биле турски државјани.
Нисен рече дека полицијата запленила документи и надворешни тврди дискови за време на рациите врз имотите поврзани со осомничените.

Првоосомничениот Македонец бил подготвен и планирал терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење на бомба, пишува германската национална информативна агенција.

Според неофицијални информации, уапсениот Македонец е Филан Митрев(24) кој имал германско и македонско државјанство. На социјалните мрежи Филан има објавено повеќе фотографии со арапски мотиви, а од неговата листа на пријатели може да се забележи дека тој интензивно комуницирал со лица од арапскиот свет.

Освен фотографии со симболика сродна на идејата на ИСИС, Филан Митрев е фотографиран и со кардиологот Жан Митрев, а според неофицијални информации токму Филан Митрев е син на Жан Митрев.

Оттука логично се поставува прашањето, дали оваа акција на германската полиција била употребена Жан Митрев да биде уценет да го промени името на болницата, но и да ја поддржи кампањата „За“ референдумот за промена на Уставното име на Р.Македонија?