Протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата (ВО ЖИВО)
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 18 часот ќе го одржи првиот од серијата граѓански протести, кои ги најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Протестот вечерва е против зголемувањето на цената на струјата.
Партијата ги повика граѓаните на протестот, за како што велат, време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот.
Протестот ќе започне од пред Министерството за правда, а ќе заврши кај Регулаторната комисија за енергетика.