ДО СИТЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА – АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА МАЛЕЧКАТА НИНА

Нина е четиригодишно девојче кое живее во Бунарџик, во 15 квадрати простор, со својата мајка ,баба и тетка!

Идејата е да се направи уште една собичка,  кујна и тоалет каде од 15 квадрата би можеле да добијат 36 квадрата и за прв пат да имаат купатило и вц шоља.

Дејан Гавроски ја превзеде обврската да се направи колку толку некое пристојно место за живеење на малата НИНА .

Дејан Гавроски е голем и неуморен борец за Македонија, вљубеник во правдата и човек што остави свој белег во отпорот против промена на името и сите неправди што ни се случија изминативе години во нашата Македонија!

Нина со своите четири години знае само за љубовта кон Македонија, па затоа ние Македонците во Македонија но и од дијаспората треба да се погрижиме за неа и нејзиното семејство!

Целиот проект би чинел околу 5000 евра а до сега од добри и хумани луѓе се собрани 1650 евра кои не се доволни …

Иако средствата не се доволни Дејан започнаа со работи со надеж дека ќе ги соберат потребните средства за ова Македонско семејство.

Секоја Ваша донација е добродејдена за НИНА  да нејзиното детство колку толку биде детство на едно мало четири годишно девојче кое во 21 век за прв пат ќе се избања под туш и прв пат ќе искористи вц шоља , и за прв пат ќе заспие спокојно бидејќи ќе има стабилен кров над глава…


Семејството апелира и замолува за  донации најкасно до 15 септевмри рокот е краток а зимата е на прагот…

Да помогнеме!

https://www.facebook.com/dejan.gavrovski.3/posts/1221847301513332



За сите хумани Македонци од дијаспората…

https://www.facebook.com/dejan.gavrovski.3/posts/1220623681635694