Тенисерот број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од US OPEN.
Неверојатно, Новак со топка го погоди линискиот судија и судиите решија да го исфрлат од турнирот!
Српскиот тенисер беше дисквалификуван во моментот кога Пабло Карењо Буста водеше во првиот сет 6: 5.
После загубен сервис гем Ѓоковиќ исфрли топка од џебот, а таа најверојатно го погоди линискиот судија. По ударот, таа заврши на теренот и имаше проблеми со дишењето.
Разговорот меѓу најдобриот тенисер во светот и официјални лица траеше долго, а на крајот Србинот беше дисквалификуван поради правилата наведени во Правилникот.