Николоски: Заев и Ахмети да одговорат зошто дозволиле 200 милиони евра корупциски скандал на контроверзниот бизнисмен Дака

Во гостување во вестите на Сител телевизија вечерва потпретседателот Александар Николоски, посочи дека власта дозволи во земјава мултимилионски бизниси на контроверзни личности од регионот, мега афера и корупциски скандал вреден 200 милиони евра.

Николоски ја потсети јавноста дека во текот на изборите контроверзниот бизнисмен кажал дека дал 300 илјади евра мито, а истиот тоа и го потврдил подоцна во писмена изјава, по што давањето поткуп е кривично дело, Николоски вели дека во истиот тој разговор се слушало за ШИК Јелак, кој контроверзниот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ го поседува.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николоски истакна дека во моментот е трансформиран еден голем детален урбанистички план од 230 илјади метри развиена површина, од кои некаде 120 илјади метри квадратни се само станови.

-2000 станови за некаде 8000 жители, а 80 000 метри квадратни се трговски единици, што е некаде нето профит од 200 милиони евра, потенцираше Николоски.

Николоски праша како е возможно да се овозможуваат мултимилионски бизниси на контроверзна личност која што е позната во регионот особено во Црна Гора, Босна и Србија како подржувач на радикални елементи кои што врочем се против евроатланските аспирации на целиот овој регион.

-Клучното прашање што се поставува во јавноста е зошто немаше дебата и дискусија за ова и како е возможно Министерството за транспорт и врски на 21 фебруари да добие барање за одобрение на планот, а на 28 февруари веќе и да го одобри истото, за само седум дена се одобрило барањето, кога граѓаните чекаат по месец дена еден документ.

Николоски потенцираше дека на овие прашања треба да одговорат и Заев и Ахмети.