Граѓаните од Ѓорче Петров не сакаат изградба на стамбени објекти од над 17 ката
Деновиве граѓаните на општина Ѓорче Петров се соочуваат со проблеми поврзани со изградба на згради повисоки од 17 ката на простор од околу 20 000 метри квадратни. Многумина од нив не сакаат затоа што ќе се изменила демографската слика на тој дел од населбата како и рушење на комобитетот на тие жители како и ќе се создадат проблеми со новите возила.
-Ѓорче Петров ќе се претвори во урбана џунгла, не сакаме блакодери, сакаме воздух ова што го прават не е нормално. Ова се се само дел од реакциите кои ги имаа граѓаните од Ѓорче Петров откако општината донесе одлука за примена на урбанистички план каде во населбата Дексион се овозможени услови за градење на стамбени објекти од 17 ката во кој би можело да живеат дури и над 2800 жители.
-Да ми пречи, пренаселено е, не знам кај им текна сега требаше болница да се гради, требаше нешто друго, тоа е катастрофа. Не се сложувам со одлуката да се гради. Ние сме 5 катници ќе не покријат они нас. Секако дека ќе ни пречи, тоа е надвор од разумот, велат граѓаните.
Дел од граѓаните информираа дека е формирана Иницијатива на граѓани во населбата Дексион кој бараат ревидирање на овој ДУП бидејќи не бил законски односно немало јавно изложување и јавна анкета за проектот но и дека ќе им се отежнел животот.