Нема веќе казина до училишта: Донесен новиот Закон за игри на среќа

Собранието на денешната 109. седница го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, ја продолжи кризна состојба на дел од територијата на државата.

Законот за игрите на среќа беше изгласан со 60 гласа „за“ и 20 „против“.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски изјави дека законот предвидува објектите за приредување игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, мерено по најбезбедната пешачка рута.

Тој посочи дека со новите законски решенија значително се ограничува рекламирањето на казината и обложувалниците. Светлечките реклами ќе бидат забранети, а ќе биде дозволена само табла со називот на приредувачот, со максимални димензии од 100 на 30 сантиметри, без промотивни пораки.

Дополнително, законот воведува задолжително GPS-поврзување на апаратите и казината со Управата за јавни приходи, со цел подобар надзор, дигитализација на секторот и полесно откривање на нелиценцирани приредувачи

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK