ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ – Лавот Чака спречил грабеж во скопската Зоолошка градина

Четири провалници биле откриени вчера утрината од страна на лицата за обезбедување во скопската Зоолошка градина благодарениe на лавот Чака кој се возбудил и почнал да рика на натрапниците, објавува СДК.

Во зоолошката градина не е причинета материјална штета, ниту, пак, е украдено нешто, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се истражува.

Зоoлошката градина мината година беше ограбена кога беа изнесени алати за одржување.