Жител на скопско Таор осомничен за убиство: Пријавил жена за исчезната, па следниот ден дека ја пронашол почината

Полициски службеници од СВР Скопје денеска околу 01:20 часот го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48).

-На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција, информира МВР.

Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69).

Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK