Ужас во Светиниколско: Со месеци им го силувал девојчето, ѝ пренел заразна болест, а го примиле дома
Полициски службеници од СВР Штип пред два дена го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци.
-Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него, информира МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.
Comments are closed.