Инфантилно дежа-ву: СДС по СДСБ пак стана СДСУ
Минатата недела СДС стана СДСБ, Социјалдемокрастки сојуз на Бугарија. И одлично им прилегаше, особено поради бугарашката диоптрија со која не гледаа никаков бугарски атак врз македонскиот идентитет. Арно ама, Радев не ги пофали за ова, барем НЕ јавно. Па Шмрчко и компанија се најдоа во небрано, што да се прави сега?
Е сега, оти старите кутриња не можат да научат нови трикови, ќе се вратат на навивање за Унгарија и Петер Маѓар. Шмрчко напиша, Богданка неволно прочита, бесна што не може да оговара и да пие кафенце. Затоа зас’ска на Бихаќка:
„Новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави ревизија на договорите потпишани за време на владеењето на Орбан, меѓу кои и договорот со 4iG.
Поранешната влада на Орбан го потпишала договорот вреден 4,3 милијарди долари со 4iG само неколку недели пред да ја загуби власта.
4iG купија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија. Токму 4iG имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија“, свика Кузеска, а СДСБ стана инстант СДСУ. Што е за право, „М“ во името никогаш и не им прилегало.
Нов прес за старата болка Орбан и новата љубов Маѓар. Што ли мисли нивната сестринска социјалистичка партија гледајќи како СДС го велича ликот кој се покажа десничарски пандан на Фидес?
Туку, за кого ли одработува Филипче и зошто СДС е против новиот мобилен оператор во Македонија, кој треба преку зголемена конкуренција да донесе подобар квалитет и поевтини цени за корисниците, за македонските граѓани? За кого ли толку се пенават Шмрчко и Богданка? Нов бонбона-бизнис на повидок. Стара, лоша СДС навика…

Comments are closed.