Доколку тргате на пат кон Гостивар ова денеска мора да го имате на ум- сообраќајот се пренасочува!
Поради поставување на канализациска мрежа во село Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.